Поврзете се со нас

Германија

Флик бара потврда на титулата: Вердер не треба да очекува подарок

Објавено

на

Баерн Минхен има комотна предност во однос на ривалите во Бундеслигата, но може да ја потврди титулата уште утре и тоа со победа над Вердер Бремен.

Противникот се бори за опстанок и за секој бод во завршните три рунди, но тренерот на Баерн, Ханси Флик најави императив за освојување на бодовите од страна на гостите.

– Сакаме да бидеме шампиони веќе во вторник. Не планираме да му доделиме подарок на Вердер, сакаме да ја оствариме целта уште на овој натпревар и треба да го сториме тоа.

– Мислам дека Вердер ќе се обиде да ги затвори приодите кон својот гол, последните резултати им овозможуваат да бидат малку помирни и потрпеливи, – изјавил Флик на денешата виртуелна прес-конференција.

Баерн ќе биде посилен за Левандовски и Милер кои го пропуштија последниот дуел поради суспензија, а со победа Баварците ќе ја освојат 30. титула во германското првенство.

Вердер е претпоследен, со ист број бодови колку што има и Фортуна Диселдорф, екипа која исто така се бори за избегне директно испаѓање, откако третата позиција одназад значи плеј-аут соочување. Екипата на Падерборн е отпишана со осум бодови помалку од Вердер и Фортуна и е сигурен патник во Втората Бундеслига.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни