Поврзете се со нас

Светски првенства

ФИФА го објави новото лого за следниот мундијал, фановите шокирани од „креативноста“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FIFAWorldCup

Светското првенство во Катар беше првото кое се играше во зимски услови и на средина на една натпреварувачка сезона, но следното ќе биде првото кое ќе се игра во три земји.

Домаќини на фудбалскиот мундијал во 2026-та година ќе бидат Америка, Канада и Мексико, а иако има уште три години до овој настан, ФИФА веќе објави како ќе изгледа логото.

Светската фудбалска организација покажа како ќе изгледа логото за 26-от најважен фудбалски настан, но „креативноста“ при изработката на истото ги шокираше фудбалските фанови.

Изминатите години, секој домаќин подготвуваше нависитна интересен и необичен начин при креацијата на лого, а последново е навистина едноставно и изгледа како да не е потрошено воопшто време на него.

– Ова е ужасно…… Веднаш би дал отказ за да работам на логото на ФИФА…… Изгледа како да е направено на „пејнт“….., – се само дел од коментарите на фановите на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни