Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин

Објавено

на

Себастијан Фетел ја одбил понудата да биде вакциниран од организаторите на Формула 1 трката во Бахреин.

Германецот имал можност да прими анти-ковид вакцина за време на викендот во кој беше одржана првата трка оваа сезона, а во изјава за германски „РТЛ“ открил зошто ја одбил можноста.

– Донесов одлука според принципите кои ги почитувам.

– Сите во Ф1 имаа можност да се вакцинираат во Бахреин, но јас одлучив да ја одбијам понудата. Одбив затоа што сметам дека не е дојден мој ред за вакцинирање, иако не можам да знам дека таа вакцина завршила кај некого на кого му е попотребна, – изјавил Фетел.

– Ќе се вакцинирам сигурно, но само кога ќе ми дојде редот за тоа, – вели Германецот кој сезонава е член на Астон Мартин.

Фетел викендов ќе се обиде да го поправи впечатокот од првата трка и тоа на патеката Имола каде се вози втората трка сезонава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни