Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд незадоволен од третманот кој го добива една ѕвезда на Ливерпул: Тоа е неприфатливо

Објавено

на

Рио Фердинанд како човек кој дава конструктивни критики за сите случувања во Премиер лигата е постојано актуелен со гостувањата во британските телевизии, но во последно време, навистина популарен стана и неговиот јутјуб канал во кој тој прави поисцрпни анализи и за поединците и големите ѕвезди.

На две кола пред крајот, Ливерпул дојде во супер позиција да се пласира во Лигата на шампионите откако нареди три победи по ред, а една од нив беше и триумфот против големиот ривал Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Тимот на Јирген Клоп славеше со 2:4, а точка на натпреварот стави човекот кој е доста потценет од целата јавност оваа сезона, Мохамед Салах.

Египќанецот постигна пет гола во последните седум кола и има вкупно 22 погодоци во Премиер лигата од стартот на сезоната, па во ситуација кога се бори со Хари Кејн за тоа кој ќе биде најдобар стрелец на крајот, Рио не сфаќа зошто Мо постојано е избегнуван од страна на експертите кои почнаа да ги составуваат тимовите на годината.

– Салах повторно се бори за приматот најдобар стрелец во лигата, а луѓето не го ставаат во тимот на сезоната, навистина не можам да го сфатам тоа.

– Тој не го добива респектот кој го заслужува и тоа е јасно. Салах е врвен, врвен фудбалер кој постојано има фантастични бројки со дадени голови од сезона во сезона. Стана традиција да го гледате при врвот секоја сезона и навистина неприфатливо е каков третман добива, – вели Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни