Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари вложил жалба, бара казни за возачите на Ред Бул

Објавено

на

credit @Scuderia Ferrari Press Office

Ферари скапо ја плати грешката со пит стопот на своите возачи, за по завршувањето на трката во Монако да испрати официјална жалба до стјуардите.

Италијанскиот тим има замерка на начинот на кој возачите на Ред Бул се позиционирале по излегувањето од боксот во 23. круг, кога се обидуваа да ја задржат позицијата пред ривалите од Ферари.

Тимскиот шеф Матија Биното потврдил дека Ферари очекува реакција од ФИА затоа што возачите на Ред Бул го прекршиле правилото кое им било јасно посочено од директорот на трката, а се однесува на преминувањето преку жолтата лиија на излезот од боксот.

– Во Ферари сме разочарани бидејќи сме убедени дека Ред Бул јасно ги прекрши правилата со движење на и преку жолтата линија и очекуваме објаснување од ФИА.

– Наше е да разбереме зошто се случи грешката со нашите болиди, без разлика што Ферстапен не победи, загубивме многу поени во рангирањето на конструкторите. Ќе преземеме одговорност за направените грешки на оваа тешка трка,- изјавил Биното.

Победник на трката во Монако беше Серхио Перез од Ред Бул, пред Карлос Саинц од Ферари и својот тимски колега Макс Ферстапен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни