Поврзете се со нас

АТП

Федерер по поразот во Женева: Сигурно нема да го освојам Ролан Гарос

Објавено

на

Рожер Федерер ги прескокна Мастерсите во Мадрид и Рим кои се играат на земјена подлога и реши враќањето на турот да го започне со турнирот од АТП 250 серијата во Женева.

Сепак денеска не успеа да го совлада Пабло Андухар и мораше да го заврши настапот уште во осминафиналето, во кое загуби со 2:1 од шпанскиот ривал.

– Добро е што повторно играм, физички се чувствувам подобро во однос на Доха и мора да го прифатам поразот.

– На крајот не чуствував дека ја заслужив победата, не направив доволно, во третиот сет водев со 4:2, а потоа загубив. Тенисот е брутален.

– Знам дека нема да го освојам Ролан Гарос. Не верувам дека последните 50 години некој 40-годишен дошол во Париз и по долга пауза освоил турнир на кој мечевите се играат во пет сета, – изјавил Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни