Поврзете се со нас

Италија

Фановите на Милан оставија уште една брутална порака за Донарума (Фото)

Објавено

на

Џанлуиџи Донарума се подготвува за настап со италијанската репрезентација во завршницата на Лигата на нации, но навивачите на Милан решија уште еднаш да го потсетат на својот голем „грев“.

Голманот на ПСЖ пред пристигнувањето во Милано посакуваше да биде поштеден од провокации, но во реалноста го дочека голем транспарент.

– Донарума, гомно едно, никогаш веќе нема да бидеш добредојден во Милано, – било напишано на транспарентот наменет за голманот на италијанската репрезентација.

Италија ќе игра во полуфиналето на Лигата на нации против Шпанија на „Сан Сиро“, стадионот каде Донарума бранеше изминатите години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни