Поврзете се со нас

Македонија

„Езерски трансфер“: Кочоски ја замени Струга со Воска

Објавено

на

Воска Спорт ја забележа првата победа во Првата македонска фудбалска лига, а неколку дена по триумфот над Вардар, клубот од Охрид се пофали со ново квалитетно засилување за сезоната која веќе започна.

Валентин Кочоски настапуваше за Струга Трим и Лум и ги бранеше боите на македонскиот првак, но откако стана слободен агент и остана без договор, реши да премине во ривалот крај езерото.

Играчот за врска беше дел од тимот на Струга кој настапуваше и на досегашните натпревари во Европа, меѓутоа кариерата сега ќе ја продолжи во Охрид и ќе ги браните боите на Воска.

Кочоски има 26 години и важи за искусен фудбалер на средината на теренот, па затоа е најавен и како големо засилување за новајлијата во елитното друштво.

Воска има три освоени бода по три одиграни кола во Првата лига, бидејќи пред победата над Вардар забележа два порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни