Поврзете се со нас

Свет

Евра со шокантно откритие од своето детство: Знам дека луѓето ќе ме гледаат поинаку

Објавено

на

Некогашниот француски репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра ја издаде својата автобиографија „I Love this game“ („Ја сакам оваа игра“) во која изнесе и еден досега непознат детаљ од неговиот живот.

Имено, во книгата, меѓу останатото Евра откри дека на 13 години бил жртва на сексуално вознемирување.

По објавувањето на автобиографијата, Евра даде изјава за британскиот медиум „Тајмс“ во кој кратко проговори за тој неубав момент од неговиот живот.

– Мајка ми не очекуваше да го слушне тоа од своето дете, тоа беше огромен шок за неа. Прво ме праша зошто го ставам тоа во книга, но кога и одговорив дека тоа не е поради мене, туку поради некои други деца, за да не им се случи тоа во иднина.

– Знам дека луѓето сега ќе ме гледаат со други очи, но едноставно морав да го исфрлам тоа од себе. Многу ми е полесно. Пријателите ми велат дека ќе бидам под голем притисок, меѓутоа за мене најтешко беше за тоа да зборувам со мајка ми. После тоа, се ми беше полесно, -изјави Евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни