Поврзете се со нас

Англија

Евра откри како одело интервјуто: Фергусон ме испрашуваше како да е од „ФБИ“, морав да го изберам Јунајтед пред Ливерпул

Објавено

на

Foto:instagram.com/patrice.evra

Патрис Евра како младо момче од Монако направи голем трансфер во Манчестер Јунајтед во 2006-та година, но пред да го направи тоа, познато е дека одби неколку важни понуди, вклучувајќи го и Ливерпул.

Под водство на Сер Алекс Фергусон, Евра прерасна во еден од најдобрите леви бекови во светот, но она што на Патри посебно му оставило впечаток е првото интервју кое го одработил со Шкотланѓанецот.

Познато е дека Ферги не оставаше ништо на случајноста и реагираше како директен преговарач во разговорите со големите ѕвезди, па за Евра отпатувал во Париз, а за преведувач го земал со себе и Дejвид Гил.

– Сер Алекс разговараше со мојот агент и се сретнавме на аеродромот во Париз. Тој не зборуваше баш француски, па затоа Гил беше тој што најмногу зборуваше. Мојот англиски не беше баш добар, па мојот агент преведуваше. Се сеќавам дека Ферги поставуваше кратки и директни прашања од типот: Дали пиеш, дали излегуваш навечер, дали си подготвен да загубиш меч, дали си подготвен да не одиграш ниту нерешено?

– Се почувствував како да правам интервју со агент од „ФБИ“. А, потоа, кога си подадовме рака, си реков на себе: Подготвен сум, ако го изневерам овој човек, тој ќе ме убие! Пред да дојде Јунајтед, имав понуда од Ливерпул, тука беше и Интер. Се сеќавам дека возбуден беше и мојот агент кога дојде Манчестер Јунајтед. Го гледав Јунајтед како дете поради Кантона и тоа имаше големо влијание врз мене, но кога се сретнав со Фергусон, почувствував нешто специјално. Со тој човек сигурно ќе освојувате титули ако го следите во тоа што го прави, – вели Евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни