Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го скрши отпорот на Пролет и запиша планирана победа

Објавено

на

Во вечерниот натпревар од македонската ракометна Суперлигата, Еурофарм Пелистер успеа да ја одработи задачата и се израмни на врвот со Вардар, што во пракса не треба да има никакво влијание во трката за титулата поради високиот пораз во првиот меч.

Вардар цврсто чекори кон титулата во домашното првенство бидејќи е подобар од Пелистер во меѓусебните пресметки, но тимот од Битола не остава ништо на случајноста и планира до крајот да врши притисок.

Тимот на Бабиќ денеска доста се мачеше на гостувањето кај Пролет до 45 минута до кога се играше гол за гол со менување на водствата, но серијата од 3:0 на гостите направи клучна разлика и ја најави победата на фаворитот.

Од 18:19, битолчани отидоа на 18:22 и го скршија отпорот на противникот, кој до крајот на мечот не успеа да се избори за неизвесност како што тоа го правеше претходно.

Пелистер на крајот победи со 21:25 и запиша нова победа, додека Пролет до крајот ќе се бори за третата позиција во конкуренција на Металург и Бутел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни