Поврзете се со нас

Франција

Епилог од страшниот инцидент: Двајца играчи на Марсеј нападнати и ограбени од радикалните хулигани

Објавено

на

Натпреварот од 22-то коло во Лига 1 меѓу Марсеј и Рен и официјално е откажан, откако одговорните лица во францускиот фудбал проценија дека нема никакви услови за игра на „Велодром“ по попладневните случувања во просториите на клубот.

Радикалните навивачи на Марсеј направија вистински хаос и буквално го запалија тренинг центарот на клубот со пиротехника и фрлање тврди предмети, но ситуацијата до толку била тензична, што двајца играчи од првиот тим се дрзнале да излезат во близина навивачите за да ги смират страстите.

Како што јавуваат француските медиуми, тоа минало крајно неуспешно, бидејќи двајцата најхрабри на крајот го извлекле најдебелиот крај, откако бесните навивачи не ги прифатиле нивнита образложувања.

Полицијата извести дека 25 од речиси 200 лица кои упаднаа во тренинг центарот веќе се уапсени, а дополнително ќе се трага и ќе се идентификуваат навивачите кои ги нападнале, но и ограбиле капитенот Стив Манданда и дефанзивецот Алваро.

Двајцата, како најискусни во тимот одлучиле да бидат миротворци и да ги смират радикалните хулигани кои барале оставка од претседателот Жак Анри Ејро, но покрај тоа што биле нападнати, останале и без вредните работи кои ги носеле на себе во тие моменти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни