Поврзете се со нас

Олимписки игри

Емотивниот Дончиќ научил важна лекција од провокациите на Французите и Австралијците (Видео)

Објавено

на

Словенија не успеа да го освои барем бронзениот медал на првите Олимписки игри во својата историја, па повеќе од очекувано, најдобриот играч од оваа земја беше огорчен по вториот пораз во краток временски интервал.

Лука Дончиќ беше навистина лут и нерасположен по поразот од Австралија во борбата за третото место (107:93), а со оглед на тоа што покажа доста силни емоции и за време на мечот, не пропушти да нагласи дека дозволил да потпадне на провокациите кои пристигнуваат на теренот и од противничката клупа.

На Лука ова му се случи и против Франција во болниот расплет во полуфиналето, па како 22-годишна НБА ѕвезда, вели дека има уште многу за учење во вакви ситуации.

– Многу играчи кои се добри во кошарката, имаат противници кои се обидуваат да ги дестабилизираат на секаков начин. Јас имам само 22 години и мора да научам да се носам со ова. Противниците влегоа во мојата глава и тоа е моја вина. Мора да научам да се справувам со емоциите. На моменти бевме многу емотивни на последните два натпревари, а особено тоа важи за мене. Не треба да се покажуваат емоции и лутина на вакви мечеви и мора да научам од ова.

– Сепак, мислам дека сите треба да бидеме горди. Австралија беше подобра, а Словенија е земја од 2 милиони жители и направи огромен успех. Никој не не смести меѓу најдобрите четири, но ние дојдовме до тука. Следна цел ние е Евробаскетот, очекувам да бидеме најдобри на тој турнир, – изјави Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни