Поврзете се со нас

Англија

Екс играч на Јунајтед не е презадоволен од Бруно: Не сум сигурен дека тој е добар како Де Брујне

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ли Шарп не е убеден дека Бруно Фернандеш е играч од светска класа и покрај одличните настапи на португалскиот ас во дресот на „ѓаволите“.

Шарп смета дека Бруно има уште многу за докажување за да биде вброен меѓу најдобрите фудбалери во Премиер лигата, каде во моментов според него се наоѓа Кевин Де Брујне.

По пристигнувањето на Бруно во Манчестер Јунајтед тој се издвои како најдобар играч на клубот, а оваа сезона веќе стигна до бројката до 28 постигнати погодоци, но и тоа не е доволно за Шарп.

– Уште не сум убеден дека Бруно Фернандеш е еден од најдобрите играчи во лигата. Точно е дека тој прави нешто магично, може да погоди пас или да постигне супер гол, но потоа поминува по 10-15 минути од натпреварот во кои постојано лесно ја губи топката. Не знам дали тоа е така поради некој момент на деконцентрација или станува збор за таков играч.

– Токму затоа нема да велам дека тој е еден од најдобрите во лигата. Мислам дека Де Брујне во моментов навистина се вбројува меѓу најдобрите играчи во лигата, а за Бруно не сум сигурен дека е ни во најдобрите три играчи од Премиер лигата.

– Знаеме дека постигнува многу голови, многу од нив се од пенал, но кога ги гледам натпреварите забележувам дека тој пречесто ја губи топката и тоа доста ефтино, во ситуации кога мора да ја задржи во свој посед, -изјави Ли Шарп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни