Поврзете се со нас

Лига на шампиони

ЕХФ ја одби жалбата на Пелистер за судењето на мечот со ПИК Сегед

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја одби жалбата на македонскиот првак Еурофарм Пелистер за судењето на мечот против ПИК Сегед во Лигата на шампионите.

Пелистер поднесе жалба до ЕХФ за судењето на мечот со ПИК Сегед

Битолчани не беа задоволни од некои одлуки на Карим и Рауф Гасми со тоа што особено се издвојуваа за непризнатиот погодок на Борзаш откако топката ја мина гол линијата.

Според ЕХФ жалбата на пелистерци е неоснована.

-Жалбата беше поднесена поради неколку судиски одлуки. По внимателна евалуација на наводните контроверзни одлуки, телото утврди дека одлуките се засновани на судиските набљудувања на фактичката состојба во текот на натпреварот. Ваквите одлуки спаѓаат во опсегот на Правните регулативи на ЕХФ како и Регулативите на ЛШ на ЕХФ и ќе се сметаат  за конечните одлуки кои не подлежат на никаков протест, -порачаа од ЕХФ.

„Зелено-белите“ имаат опција во рок од три дена да поднесат жалба до Апелациониот суд на ЕХФ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни