Поврзете се со нас

Европски првенства

ЕХФ донесе одлука за жалбата на Швеѓаните

Објавено

на

Шведска доживеа пораз во драматичното полуфинале на Европското првенство, полуфинале кое беше решено по дополнителните десет минути во кои Французите беа далеку подобри, посвежни на теренот за конечни 34:30.

Швеѓаните беа разочарани од ваквиот епилог, но и пред се незадоволни од една одлука на нашите судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски и тоа за погодокот на Пранди по истекот на времето, поточно голот од „слободен удар“ со кој средбата се однесе во продолженија.

Од се уште актуелниот европски првак доставија жалба до ЕХФ за тоа што не бил употребена  видео технологијата за тој момент за да сега стигне одговорот од дисциплинската комисија.

Швеѓаните со официјална протестна нота до ЕХФ: Зошто не се прегледа голот на Пранди? (Видео)

-По внимателна евалуација на ситуацијата, телото утврди дека е дискреција на судиите на ЕХФ и дека не е обврска да се користи ВР технологијата. ВР се користи само кога судиите имаат сериозни сомневања за донесување правилна одлука или кога не можат правилно да ја согледаат ситуацијата. Тоа е само одлука на судиите или на делегатот дали да се користи ВР.

-Одлуката да не се користи ВР потпаѓа под опсегот на правните регулативи на ЕХФ, како и на ЕХФ ЕУРО регулативите и ќе се смета за фактичка и затоа конечната одлука не е предмет на никаков протест. Поради тоа жалбата се отфрла како неприфатлива, -порачаа од ЕХФ.

Скандинавците можат да се жалат на оваа одлука до 27 јануари.

Најдобриот шведски голгетер ги нападна Начевски и Николов: Судиите сакаа да победи Франција!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни