Европски првенства
Швеѓаните со официјална протестна нота до ЕХФ: Зошто не се прегледа голот на Пранди? (Видео)
Шведската ракометна репрезентација ја загуби драмата со Франција и одигра катастрофално во дополнителните 10 минути игра, нешто што и не беше за чудење после шокантниот расплет во последната минута од регуларниот дел.
т
Швеѓаните влегоа со плус два во последните 60 секунди, но Франција намали на минус еден, а потоа после чекорите на Готфридсон „триколорите“ добија шанса за израмнување и после истекот на времето.
На крајот се се сведе на последниот обид на Пранди од слободен удар, а Французинот со страшен „проектил“ го совлада Паличка и го однесе натпрварот во продолженија.
Швеѓаните не се бунеа во прв момент за движењето со нога кое го имаше Пранди додека го испраќаше ударот, нешто што според правилникот на ЕХФ е недозволено во ситуација кога акцијата завршува со гол.
Движењето на стапалото на Пранди е навистина спорно, па сега Швеѓаните официјално доставија жалба до ЕХФ и запрашаа зошто двоецот Николов-Начевски не го употребил ВАР системот.
– Одлучивме да го известиме ЕХФ дека доставуваме жалба за голот на Пранди. Не поради проценката за самиот слободен удар, туку против тоа што немаше преглед на ВАР во последните 30 секунди кога тоа е толку одлучувачки момент, – вели тим-менаџерката на Шведска, Хана Фогелстром.
– Многу е тешко да се каже што ќе добиеме од ова, но има многу јасен правилник со кој ќе се запознаат сите кога ќе поднесеме формален текст како надополнување на жалбата која ја испративме. За нас е најважно да покажеме за што се залагаме, а ние се залагаме за фер-плеј. Невозможно е сега да кажам каков ќе биде епилогот, останува да почекаме и да видиме како ќе судат од ЕХФ. Но, ние го направивме тоа што требаше и сега се чувствуваме подобро, – гласи целосната изјава на Хана.
The foot 😅#handball https://t.co/QhKAH8wPys
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 26, 2024
-
Светски првенства16 часа
Лекаи со тешки зборови за македонските фанови: Нашиот голман може да ви каже што му правеа
-
Шпанија18 часа
Анчелоти: Свирежите од „Бернабеу“ значат само едно нешто
-
Италија17 часа
Јувентус ќе дозволи трансфер на Камбијасо во Сити само под еден услов
-
Светски првенства18 часа
Лазаров наброја низа фактори кои очекува да бидат клучни на натпреварот со Холандија
-
Англија16 часа
Халанд стави потпис на „гига-договор“ со Сити, фановите на премиерлигашот воодушевени
-
Евролига15 часа
Хезоња ги шокираше фановите со изјавата на полувремето на дуелот Реал-Олимпијакос (Видео)
-
Свет14 часа
Нејмар откри детали од периодот во ПСЖ: Мбапе се промени по доаѓањето на Меси
-
Репрезентација7 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин