Поврзете се со нас

Европски првенства

Најдобриот шведски голгетер ги нападна Начевски и Николов: Судиите сакаа да победи Франција!

Објавено

на

Епското полуфинале меѓу Шведска и Францја ќе се памети како едно од најдобрите во историјата на Европските првенства, но на крајот истото доби и контроверзен расплет кој предизвика бура во Скандинавија.

Французинот Пранди постигна страшен гол од слободен удар и ги однесе „триколорите“ во продолженија, но дури откако стивнаа страстите, Швеѓаните сфатија дека погодокот на ривалот бил во најмала рака спорен.

Шведскиот ракометен сојуз испрати жалба до ЕХФ со образложение дека голот на Пранди бил нерегуларен поради движењето со нога (според правилникот тоа е недозволен потег во ракометот), но ако најголем дел од тврдењата се дека голема грешка направија делегатите кои не го активираа ВАР, сепак еден играч на Шведска директно го нападна македонскиот двоец Николов-Начевски.

Феликс Клар беше најдобар голгетер на Шведска со девет погодоци, а бесен по поразот во продолжението во изјава за домашните медиуми посочил дека македонските судии ја фаворизирале Франција во последните минути од полуфиналето.

– Немаме дилеми за тоа што се чувствуваше на теренот. Во последните неколку минути, судиите како да сакаа Франција да победи. Премногу е лошо тоа што се случи, – изјавил нервозниот Клар.

За разлика од него, стрелецот на голот Пранди бил доста расположен во разговорот со француските новинари, на кои им порачал дека воопшто не се грижи за поплаките кои пристигнуваат од Шведска.

– Имам верба во овој тим. Јас сум голем борец и беше невозможно да загубиме на овој меч. Критики за голот? Може да кажат што сакаат, ние ја остваривме целта, – изјавил Пранди.

Швеѓаните со официјална протестна нота до ЕХФ: Зошто не се прегледа голот на Пранди? (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни