Поврзете се со нас

Италија

Шпалир од Торино и шампионска прослава на Интер со два гола од Чалханоглу (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Интер ја освои титулата во Серија А откако го победи Милан во градското дерби, а неколку дена подоцна, играчите на Симоне Инѕаги имаа шампионска прослава и на мечот со Торино.

Гостите се погрижија за убава слика и приредија шпалир во чест на новиот италијански првак, кој пат одговори со нова победа и нови три бода во домашното првенство.

Првото полувреме беше прескромно и играчите не делуваа баш расположено за игра, но вториот дел беше отворен со црвен картон на Тамезе и тоа значително ги олесни работите за фаворитот.

Интер го продолжи славеничкото расположение со два гола на Чалханоглу, па Турчинот се покажа како клучен за нова победа на „нераѕурите“.

Двата погодоци беа постигнати во период од 56-та до 60-та минута, па по еден час игра беше јасно дека Интер ќе запише нов триумф на своето конто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни