Поврзете се со нас

Англија

Силва: Реал е навистина чуден тим, тешко е да носите правилни одлуки кога играте против нив

Објавено

на

Манчестер Сити остана без шанса да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите, откако во четвртфиналето доживеа елиминација од ривалот над кого славеше пред една година.

Реал Мадрид успеа да се одбрани на „Итихад“ и успеа да слави во пенал рулетот, а иако таквиот дефанзивен пристап на „кралевите“ налути многумина спортски аналитиачр, Пеп Гвардиола и неговите играчи немаа ништо против таквиот пристап на гостите.

Деструктивната стратегија на Карло Анчелоти се покажа како вистински рецепт за да се урне актуелниот европски шампион, па реакциите за овој меч се уште се актуелни и две недели под одигрувањето на натпреварот.

– Реал Мадрид е навистина чуден тим. На моменти ви изгледа како да ја контролирате играта против нив, мислите дека го контролирате мечот, а потоа тие со двајца играчи истрчуваат во контра и можат да ви дадат два гола. Имаат неверојатно квалитетни фудбалери и индивидуално се фантастични. Навистина е тешко да ги контролирате кога ќе тргнат во транзиција.

– Не знаете како да се поставите со нив. Ако напаѓате со многу играчи, можат да ве фатат на контра. Ако не напаѓате со доволно број на играчи, имате чувство дека не може да ги пробиете. Навистина е тешко да носите правилни одлуки кога играте против нив, – вели Бернардо во интервјуто за „ТНТ Спортс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни