Поврзете се со нас

АТП

Едберг за најдобриот меч во историјата на тенисот: Жал ми е за Федерер…

Објавено

на

Една од легендите на белиот спорт, Стефан Едберг го одбра мечот кој според него е најдобар во историјата на тенисот.

Според Едберг кој кариерата ја заврши со 41 титула и своевремено беше светски рекет број еден за него највозбудливото финале е она меѓу Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер на Вимблдон во 2019 година, дуел на кој Србинот беше на работ на амбисот, но направи „чудо“ и успеа да го подигне трофејот.

-Беше неверојатен натпревар, имаше се што треба и веројатно е најдобриот натпревар што сум го гледал досега. Квалитетот на тенисот беше едноставно извонреден од првиот до последниот поен. Ми беше жал за Федерер, можеби тој беше подобар играч на тој натпревар, сè беше подготвено за него, 40-15 на негов сервис, две меч топки.

-Човек не би помислил дека ќе загуби при таква ситуација, ама загуби. Јас сум пријател со Рожер, тоа беше тежок пораз, ама мора да му оддамеме признание на Ѓоковиќ за победата, неговата игра беше исклучителна. Спектакуларен натпревар со убедливо најдобар квалитет. Финалето меѓу Борг и Мекинро е класика, го гледав како дете, но квалитетот на финалето во 2019 година е со подобар квалитет, -истакна Едберг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни