Поврзете се со нас

Англија

Ѕола посочи двајца фудбалери на кои им биле здодевни тренинзите под водство на Сари

Објавено

на

Легендарниот италијански поранешен фудбалер, Џанфранко Ѕола даде искрено интервју во кое зборуваше за годината помината како асистент на Маурисио Сари во редовите на Челси.

53 годишниот стратег му помагаше на Сари во задачата да се изгради што подобар тим на „Стемфорд Бриџ“, но нивната заедничка мисија траеше само една сезона.

Сега, Ѕола во интервју за „БеИн Спорт“ се наврати на тренинзите на клубот за кои посочи дека на играчи како Азар и Вилијан им биле навистина здодевни.

– Имавме талентирани играчи како Азар и Вилијан, играчи кои знаеја да ги решат натпреварите по свое. Тие страдаа од ваквиот тим на вежби и тренинзи кои ги правевме, но тие беа неопходни за другите играчи.

– Да бидам искрен, тие беа брилијаннти и токму затоа им здодеваа тренинзите, но продолжуваа да ги прават и токму тоа беше причината за тоа што ние издржувавме до крај кога другите паѓаа пред крајот, -изјави Ѕола кој потоа призна дека како што одминувало времето на повеќето играчи им здодевале тренинзите на Сари.

– На почетокот имавме поддршка од секого и сите го правеа тоа што им го кажувавме. Следеа се што ќе им кажевме. Но, како што одминуваа неделите во кои имаше доста натпревари, играчите се заморија и им стана здодевно.

– Но, здодевното е дел од нашата работа. Некогаш треба да ти е здодевно за да целиш да станеш што е можно подобар, -заклучи Џанфранко Ѕола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни