Поврзете се со нас

НБА

Џонсон со критики до Јокиќ: Тој потег не ти беше потребен…(ВИДЕО)

Објавено

на

Феникс Санс ја преживеа фантастичната партија на Никола Јокиќ и успеа да израмни на 2-2 во дуелот со Денвер Нагетс во полуфиналето на западната конференција во НБА лигата.

Јокиќ имаше дабл-дабл од 53 поени и 11 асистенции, но воедно беше учесник во инцидентот кој може да му донесе одредена санкција, суспензија. Центарот имаше директен контакт со сопственикот на „сонцата“, Мет Ишби кого го оттурна во една ситуација при што заработи техничка грешка.

Јокиќ со лакт го оттурна газдата на Феникс, му се заканува суспензија (ВИДЕО)

Никола имаше што да каже за овој момент и останува да се види дали се исполнети условите да заработи дополнителна казна. Во меѓувреме дел од кошаркарските асови имаа свои реакции, а еден од нив беше легендарниот Меџик Џонсон кој порача:

-Јокиќ, уживав во твојот настап, но не го ценам лактот кој му го даде на мојот колега Спартанец и сопственик на Феникс, -порача Меџик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни