Поврзете се со нас

Англија

Џерард за одлуката на Челси за Лампард: Нивната историја е позната, не сум изненаден

Објавено

на

Отказот на Френк Лампард и понатаму е топ тема на островот со оглед на тоа што таа одлука дојде во неочекувам момент и тоа по триумфот на Челси во ФА Купот.

Меѓутоа без разлика на тој успех, пласманот во осминафиналето, „сините“ се одлучија да му пресудат на Лампард и да му заблагодарат за се што направи за клубот во изминативе 18 месеци. Има доста реакции, коментари од доста имиња, па на оваа тема проговори и Стивен Џерард, долгогодишниот колега на Лампард од англиската репрезентација.

-Криво ми е поради Френк тој е мој поранешен соиграч, некој што многу го почитувам. Познавајќи го ќе се врати наскоро. Тој дефинитивно ќе го помине ова време со своето семејство. Разочаран сум пораид него. Мислам ова е брза одлука со оглед на позитивниот резултат во ФА Купот. Ама не ги знам деталите.

-Не знам какви се односите во клубот. Челси можеше да му даде поддршка во овој тежок период, наместо да му даде отказ. Ама знаеме каква историја има Челси, па и не е изненадување, -истакна Џерард кој како што е познато го води шкоткиот гигант Ренџерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни