Поврзете се со нас

Формула 1

Џејмс Алисон се повлече од функцијата технички директор во Мерцедес

Објавено

на

Формула 1 тимот Мерцедес денеска објави дека Џејмс Алисон во иднина нема биде вклучен во секојдневните обврски на актуелниот шампион, затоа што ќе извршува повисока функција.

Алисон беше една од најважните алки во Ф1 доминацијата на Мерцедес изминатите години, а ја извршуваше функцијата технички директор и беше еден од најблиските соработници на тимскиот шеф Тото Волф.

Во иднина, Алисон ќе биде Извршен технички шеф, што значи дека ќе менаџира со процесите кои Мерцедес ќе мора да ги реализира во пресрет на промената на техничката регулатива и новата ера која е најавена во Формула 1.

Алисон беше технички директор на Мерцедес од 2017 година, a претходно бил дел и од Ферари, Рено и Бенетон.

Како што соопшти Мерцедес, на неговото место доаѓа Мајк Елиот, кој досега беше прв човек на секторот технологија, а во германскиот тим е од 2012 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни