Поврзете се со нас

Италија

Два тима од Ла Лига и еден од Серија А во битка за ангажман на Столе Димитриевски

Објавено

на

Мали се шансите македонскиот репрезентативен чувар на мрежата, Столе Димитриевски и следната сезона да остане во редовите на Рајо Валјекано.

Причината за тоа е сериозниот интерес од неколку тимови од Ла Лига и еден тим од Серија А.

За Димитриевски загризаа неговиот поранешен клуб Гранада кој ќе игра во Лига Европа следната сезона, како и тимот на Хетафе.

Се шпекулираше дека интерес има и од Еибар, но овој клуб во последен момент го откажал интересот и се насочил кон други трансфер мети.

Освен Гранада и Хетафе, како што пишува „Унион Рајо“ за Димитриевски постои сериозен интерес и од тимот на Сасуоло кој се натпреварува во Серија А.

Сепак како што јавува медиумот, мали се шансите Сасуоло да стигне до неговиот потпис, а во моментов најсериозен претендент за ангажман на Столе е тимот на Хетафе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни