Поврзете се со нас

Англија

Два клуба со сериозен интерес за Марсијал

Објавено

на

Агентот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал пред два дена и официјално потврди дека играчот ќе побара да си замине од клубот во јануарскиот преоден рок.

Напаѓачот не бил задоволен на „Олд Трафорд“ поради лимитираната минутажа, па уште во јануари ќе се обиде да издејствува промена на средината.

Медиумите во Франција веќе посочија два клуба кои би можеле да го ангажираат Марсијал во јануарскиот преоден рок, а еден тим посебно се издвојува како фаворит да го донесе, но само како позајмен играч.

Станува збор за клубот во чија академија играше Марсијал, Лион, кој сака да го донесе напаѓачот како привремена опција, односно како позајмен фудбалер.

„RMC Sport“ пишува дека за Марсијал сериозен интерес има од таборот на ПСЖ, но клубот од Париз не планира да го ангажира играчот во јануари, туку следната година кога ќе се ослободи од дел од своите напаѓачи.

Така, останува отворена можноста Марсијал следната полусезона да ја доигра како член на Лион, а веќе од наредната година да го облече дресот на ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни