Поврзете се со нас

Македонија

Дутра позираше со дресот на Вардар, еве како игра новото засилување на „црвено-црните“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Вардар 1961 и официјално го потврди засилувањето за вториот дел од оваа сезона, сезона кое доаѓа од АСОБАЛ лигата од редовите на Ла Риоха.

Се работи за 26 годишниот Леонардо Дутра Фереира кој ќе го носи дресот на македонскиот првак најмалку до крајот на кампањата, односно во договорот има опција за продолжување на истиот за уште една сезона.

Лео Дутра е бразилски репрезентативец кој игра на позицијата лев и среден бек, па со своето знаење, квалитет треба да донесе нова енергија во таборот на вардаци. Тој во Европа има настапувано и за Куенка, Висла Плоцк што значи многу добри ги познава европските терени и предизвици.

Тој ќе им се приклучи на новите соиграчи по завршување на Мундијалот во Полска и Шведска (повикан е за Бразил), па како најава за тоа што може да понуди за Вардар погледнете ги неговите квалитети во следниве видеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни