Поврзете се со нас

Евролига

Доминација на Барселона во „Палау Блауграна“, победнички старт на Олимпијакос со Фенербахче (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Кошаркарите на Барселона и Олимпијакос не дозволија никакви изненадување и славеа на првите средби против Жалгирис и Фенербахче во плејофот во Евролигата.

Каталонците го прегазија Жалгирис со 22 разлика во „Палау Блауграна“ (91-69) и со тоа испратија јасна порака кон ривалот од Литванија. Уште во првата четвртина домаќините се стекнаа со двоцифрена позитива и потоа без проблеми го контролираа натпреварот.

Санли со 17 и Миротиќ со 15 поени беа најефикасни, а двоцифрени беа уште Курич, Абринес и Јокубаитис. Во таборот на Жалгирис највесветла точка беше Браздеикис со 14 кошеви.

Во Грција, Олимпијакос го надигра Фенербахче со 79-68 и тоа во дуел во кој улогата на лидер повторно ја презема Везенков со 19 поени и 6 скока, Кенан пак уфрли еден помалку.

Мотли пак за Фенер беше автор на 15 поени, 7 скока и 2 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни