Поврзете се со нас

Репрезентација

Доби повик од селекторот Бајиќ: Филип Бакоч ново име во македонската репрезентација

Објавено

на

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ дополнително повика уште еден играч во тимот-тоа е центарот Филип Бакоч.

Бајиќ сака посилен интензитет во оваа фаза од подготовките за претквалификациите за СП и поради тоа испрати повиќ со Бакоч во ситуација кога се уште го немаме на располагање Џејкоб Вајли кој допрва треба да му се приклучи на националниот тим.

-Сакам да имаме уште посилен интензитет во оваа фаза од подготовките. И да имаме играч повеќе, особено во оваа уводна фаза од подготовките. Затоа одлучив дополнително да го повикам Филип Бакоч, кој треба да помага на оние крилни позиции во тимот, каде го очекуваме доаѓањето на Џејкоб Вајли.

-Засега се оди според планот, играчите одлично ги прифатија сите принципи на работа на стручниот тим. Јас сум презадоволен од нивниот однос кон тренинзите. Во Маврово ќе работиме уште два дена, во среда се симнуваме во Скопје, – коментира Бајиќ за официјалната страна на нашата федерација.

Филип и претходно беше дел од сениоркста репрезентација и тоа во циклусот за пласман на Евробаскетот во 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни