Поврзете се со нас

АТП

Димитров повторно го надигра Алкарас и обезбеди полуфинале во Мајами (ВИДЕО)

Објавено

на

Григор Димитров направи изненадување и славеше над Карлос Алкарас со 2-0 во сетови во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Мајами.

Димитров иако далеку поискусен од Шпанецот важеше за аутсајдер на овој дуел со оглед на формата на противникот кој имаше девет победи во низа, серија при која го освои Индијан Велс и целта му беше да го комплетира „Саншајн Дабл“.

Меѓутоа Бугаринот му одржа вистинска лекција за еден ипол час игра со 6-2 и 6-4, односно со ова Димитров покажа дека има решение за големиот талент со оглед на тоа што ја доби и претходната пресметка во Шангај и сега е 3-2 за Карлос.

На патот до финалето му стои Александер Зверев, додека во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Јаник Синер и Данил Медведев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни