Поврзете се со нас

АТП

Зверев со сигурно издание до полуфинале на Мастерсот во Мајами (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/SC_ESPN

Александер Зверев е третиот полуфиналист на АТП Мастерсот во Мајами и тоа откако славеше над Фабијан Марошан со 2-0 во сетови.

Унгарецот во претходните рунди елиминираше играчи како Руне и Де Минор, па фановите очекуваа да му прижи силен отпор на Зверев кој пак сериозно си ја сфати работата од самиот старт и со 6-3 и 7-5 дојде до посакуваната цел, место во наредната фаза во која ќе игра со подобриот од Алкарас-Димитров.

Ова за Германецот е 17. полуфинале на Мастерс турнирите, па во оваа категорија од активните тенисери подобри од него се само Ѓоковиќ, Надал и Мари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни