Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ се „распука“ во продолжението и му донесе победа на Уникс Казан (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Уникс Казан ја забележа првата гостинска победа во ВТБ лигата во оваа календарска година, победа над Парма Перм (89-82) во која многу важна улога одигра македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ.

Ова беше неизвесен меч кој не донесе победник по 40 минути (74-74), па се играше продолжение во кое блескаше токму Димитријевиќ кој ги постигна половина од кошевите на Уникс. Имено плејмејкерот беше автор на 7 поени, 1 асистенција за да на крајот заврши со вкупно 18 поени со што беше прв стрелец во својот тим заедно со центарот Џејлен Рејнолдс.

Македонецот зад своето име имаше уште 2 скока, 4 асистенции, 1 блокада и 5 загубени топки.

Најефикасен кај поразените беше Робертсон со 23 поени.

Уникс има учинок 18-2, во следното коло и гостува на Самара.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни