Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ прв асистент, Хувентуд по драма до прва победа во Валенсија

Објавено

на

Кошаркарите на Хувентуд дојдоа до првата победа на завршниот турнир во АЦБ лигата и тоа во против составот на Билбао кого го добија по 45 минути игра со 86-79.

Регуларниот дел заврши без победник 73-73, па мораше да се игра продолжение во кое избраниците на Дуран подобро се снајдоа и со 13-6 се израдуваа на првиот триумф во Валенсија. Прво име кај Хувентуд беше Препелиќ со 21 поен на кој додаде 2 скока и 5 асистенции, додека пак нашиот Ненад Димтријевиќ имаше учинок од 11 кошеви, 2 скокови, 7 асистенциии (најдобар на средбата во оваа категорија), но и пет загубени топки.

Русел со 18 кошеви ја предводеше листата на стрелци кај Билбао. Во следната рунда Хувентуд ќе се соочи со Уникаха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни