Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ двоцифрен во триумфот на Хувентуд (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Хувентуд ја прокнижи четвртата победа во петтиот сезонски натпревар во првата лига на Шпанија.

Кошаркарите од Бадалона попладнево на домашен терен славеа над Билбао со 88-81 со што потврдија дека се во одлична форма со оглед на тоа што освен што се на ниво во АЦБ лигата нижат триумф и во Еврокупот (два од два).

Вентура со 15 поени беше прв стрелец, Рибас даде 14 со 6 асистенции, Томиќ реализираше 13 кошеви, додека нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за 18 минути на паркетот уфрли 10 поени со 2 скока и 2 асистеции.

Хувентуд во следното коло му гостува на Тенерифе кој во досегашниот тек има перфектни четири од четири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни