Поврзете се со нас

Англија

Дилета Леота бара нов клуб за нејзиниот сакан: Нема директни летови до таму…

Објавено

на

Дилета Леота е една од најатрактивните италијански новинарки и презентерки и веќе неколку години често знае да биде во фокусот на јавноста и да изнудува воздишки од публиката на Апенините.

Таа е во врска со голманот Лорис Кариус кој во моментов е дел од Њукасл, но кого најголемиот дел од фудбалските фанови го паметат по катастроланиот настап во дресот на Ливерпул во финалето против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Италијанско-германскиот пар веќе има и детенце, па Леота отворено признава дека сака нејзиниот сакан да направи трансфер во некој клуб од „чизмата“.

-Лорис покрај себе има луѓе кои работат за него. Се надевам дека ќе го направи најдобриот избор за неговата кариера. Јас живеам во Милано и да речеме дека блиску до Милано во смисла на удобност би било идеално за нас.

-Монца или кој било друг тим во Италија. Би бил среќен кога би можел да дојде да игра во Италија и да биде блиску до неговото семејство. Њукасл е многу незгоден бидејќи нема директни летови. Ниту за Париз, ниту за Амстердам, -порача Дилета во интервјуто за „Тутоспорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни