Поврзете се со нас

СЕХА лига

Дибиров: Не знам од каде ја извлековме таа сила, овој тим има…

Објавено

на

Вардар по една вистинска драма успеа да слави над ППД Загреб и да обезбеди место во финалето на СЕХА лигата.

Ристовски се разбрани, Вардар преку пенал драма до финале во Задар

„Црвено-црните“ успеаа да се извадат од загубена ситуација со оглед на тоа што во 51 минута губеа со 24-18, но завршницата потполно ја решија во своја корист, голманот Ристовски беше фантастичен меѓу стативите, нападот функционираше и на крајот се дојде до резултат 26-26 со голот на Јотиќ што значеше дека пеналите ќе го одлучат патникот во наредната рунда.

Овде одново Борко беше во елемент, одбрани два седмерци и со тоа го одведе Вардар на мегдан со Веспрем во неделното финале за титула.

Како Ристовски го однесе Вардар во финалето на СЕХА лигата (ВИДЕО)

-Сакам уште еднаш да им кажам на моите момци, по стоти пат дека имаат огромно срце и карактер. Морам да признаам дека ППД Загреб беше подобар од нас денеска. Што се случи во последните 10 минути, видовте и самите. Како и многупати досега, извлековме некоја сила, никој не знае од каде… Дадовме се од себе во последните 10 минути за да не се срамиме од себе и на крајот победивме,-истакна Тумур Дибиров.

-Ја знаеме постапката пред финалето со Веспрем, имаме големо искуство. Следува кратка прослава во соблекувалната, а потоа целосен фокус на следниот натпревар. Веспрем е многу квалитетен тим, со одлични играчи и врвен тренер. Ќе бидеме мотивирани како и секогаш, па ќе видиме што ќе се случи, -дополни Дибиров кој даде 6 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни