Поврзете се со нас

Италија

Ди Вајо ја откри вистината и посочи зошто пропадна зделката меѓу Јунајтед и Арнаутовиќ

Објавено

на

Марко Арнаутовиќ е најдобар стрелец во Серија А со шест постигнати гола во првите седум рунди, учинок кој прави австрискиот репрезентативец и натаму да биде во фокусот на јавноста, откако во еден период од летото се претвори и во вистинска сензација.

Манчестер Јунајтед испрати официјална понуда за напаѓачот на Австрија и многумина тоа го пренесоа како шокантен потег од англискиот великан, па откако Болоња ја одби првата понуда, се доби впечаток дека „ѓаволите“ се откажаа од трансфер поради лошите реакции од навивачите, но и англиската јавност.

Два месеци подоцна, Марко Ди Вајо како директор на Болоња ја доловува оваа ситуација од друг агол, откривајќи дека Марко бил тој што одлучил дека нема потреба да си оди од клуб и град во кој е многу сакан.

– Направивме одлична работа што го сочувавме Марко. Постојано му нагласувавме колку веруваме во него. Да бидам искрен, Јувентус никогаш не испрати директна понуда, но Јунајтед го направи тоа.

– Јунајтед не се откажа од трансфсер поради своите фнаови, туку поради тоа што Арнаутовиќ сфати колку е важен за проектот на Болоња. Се однесуваше како вистински шампион, сфати што значи за Болоња како клуб и како град. Тој е пример на теренот и надвор од него. Бевме подготвени да се бориме да остане, но Марко не не донесе до таква ситуација, – открива Ди Вајо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни