Поврзете се со нас

Балкан

Дербито меѓу Партизан и Црвена Звезда донесе проблеми во Црна Гора и го врати коронавирусот во оваа земја

Објавено

на

Дека не беше многу безбедно да се биде на дерби пресметката помеѓу Црвена Звезда и Партизан во рамките на Купот на Србија која се одигра пред 20.000 гледачи говорат и последните најави од Црна Гора.

Имено, директорот на Клиничкиот центар Црна Гора, Евто Ераковиќ изјави дека новорегистрираните слуачи на коронавирус сигурно се увезени во оваа земја.

Ераковиќ објасни дека заминувањето на црногорските граѓани во Белград да го проследат дерби натпреварот кој привлече големо внимание бил причина зошто коронавирусот се вратил во земјата.

„Во Италија се почна по натпреварот во Милано. Среќа што вирусот во овој момент е со помал потенцијал“ –изјави Ераковиќ потенцирајќи ја грешката на граѓаните кои патувале на средбта во Белград.

Во моментов во Црна Гора која долго време немаше активен случај има девет нови случаи на заразени од коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни