НБА
Денвер доби неочекувани херои и се приближи на победа до прва НБА титула (Видео)

Кошаркарите на Денвер повторно го совладаа Мајами на гостински терен (95:108) и стигнаа до предност од 3:1 во финалето на НБА плејофот, во кој им е потребна уште една победа за прв историски триумф во лигата.
Никола Јокиќ и Џамал Мари повторно имаа важна улога на теренот, но овојпат добија голема поддршка од Арон Гордон и Брус Браун, кои реализираа во клучни моменти за Нагетс, реализирајќи дури 27, односно 21 поен на четвртиот дуел во серијата.
Јокиќ имаше најслаб ефект во споредба со досегашните средби од финалето и го заврши мечот со 23 поени, 12 скокови и 4 асистенции, додека Мари со слаба реализација стигна до 15 поени и 12 асистенции.
Клучниот момент на средбата во Мајами беше четвриот период на чиј почеток Јокиќ мораше да остане на клупата поради петте заработени лични грешки, а домаќините стигнаа на минус пет, но Денвер го преживеа тој момент со помош на играчите од клупата и на крајот славеше и убедливо за водство од 3:1 во серијата.
Батлер со 25 и Адебајо со 20 поени беа најефикасни во редовите на Хит.
Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната следниот натпревар го игра на домашен терен и ќе може на најдобар начин да ја заокружи одличната сезона.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)