Поврзете се со нас

Англија

Де Хеа доживеа еден од најубавите денови во животот откако му истече договорот со Јунајтед (Фото)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед во својата вест за играчите кои остануваат без договор го вметна и Давид Де Хеа, искусниот чувар на мрежата кој месец јули го започна без важечки договор со клубот кој направи голем хаос со продолжувањето на соработката.

Поради непрофесионален пристап и административни грешки, Јунајтед не успеа навреме да го продолжи договорот со Де Хеа, па тој официјалниот почетокот на летниот преоден рок го стартуваше како слободен агент.

Манчестер во својата официјална вест нагласи дека клубот се уште е во контакт со Де Хеа и води преговори за нов договор и покрај бизарната ситуација, но клубот повторно наиде на жестоки критики од фановите на денот кој беше еден од најубавите во животот за Шпанецот.

Давид вчера ја овековечи својата врска со Едурна и двајцата стапија во брак, а сликите од свадбената церемонија донесоа и честитка од страна на Манчестер Јунајтед.

Токму порака на клубот донесе најмногу реакции на социјалните мрежи, бидејќи навивачите го осудија однесувањето на директорите со голманот кој цели 12 години го брани голот на „црвените ѓаволи“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни