Поврзете се со нас

Македонија

Датум запишан со златни букви: Вардар пред 35 години стана шампион на Југославија

Објавено

на

Најголемиот македонски фудбалски клуб Вардар слави 35 години од големиот успех кој засекогаш ќе се памети, шампион на Југославија.

На 14 јуни 1987 година „црвено-црните“ предводени од Андон Дончевски и помошниците Методије Спасовски и Кочо Димитровски успеа да биде најдобра на овие простори и тоа откако на 34 натпревари забележа 15 победи или вкупно освои 38 бодови.

Во таа сезона поради лажирање на натпревари во претходната 1985/86 десет тимови во првенството почнаа со минус 6 бодови по одлуката на Фудбалскиот сојуз која што потоа беше повлечена и по судски пат титулата му беше доделена на Партизан.
Како признание за освоената титула Вардар беше потврден како шампион од страна на УЕФА и доби прилика да се натпреварува во Купот на европските шампиони каде што во првото коло на два пати загуби од Порто со идентични 3-0.
За македонскиот великан таа сезона настапуваа Тони Савевски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Васил Рингов, Вујадин Станојковиќ, Љупчо Марковски, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Тони Атанасовски и Јовко Бизимовски.
Најефикасен играч беше Дарко Панчев со постигнати 18 голови, додека Тони Савевски беше најстандарден со 33 настапи во црвено-црниот дрес.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни