Поврзете се со нас

АТП

Циципас нема дилеми: Тој и понатаму е најголемиот предизвик на оваа подлога

Објавено

на

foto:twitter.com/MonteCarloSBM

Стефанос Циципас се избори за триумф на Мастерсот во Монте Карло и тоа откако во големото финале беше подобар од Каспер Руд.

Гркот на патот до титулата загуби само еден сет и тоа во полуфиналето со Јаник Синер со што уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите тенисери на земјена подлога.

-Ми требаше ваква недела, особено по неколку тешки месеци и втората половина на 2023 година. Не беше најдоброто во однос на тоа каде сакав да бидам, па враќањето овде и оваа титула е нешто што не го планирав, но дојде природно, само по себе, -истакна Циципас кого сега го очекува настап во Барселона каде би требало да го видиме и Рафаел Надал.

-Не би ме изненадило да го видам Рафа во финалето на Барселона, тој тоа го прави со години. Она што го има е тој натпреварувачки дух, тој огнен тенис и кога ќе влезе во неговиот ритам, се чини дека е незапирлив. Мислам дека тој и понатаму е најголемиот предизвик на земјена подлога.

-Сега играјќи во оваа доцна фаза од кариерата, може да го искористи тоа искуство што го има. Сигурно знае да освојува поени и да се извлече од ситуации на поекономичен начин од порано, -заклучи Циципас кој напредуваше пет места и сега е седми на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни