Поврзете се со нас

Германија

Чурлинов со нова асистенција, Шалке запиша уште еден пораз (Видео)

Објавено

на

Младиот македонски фудбалер, Дарко Чурлинов одигра уште еден солиден натпревар во дресот на Шалке 04 кој загуби на гостувањето кај Карлсуе со 2:1.

Нашиот репрезентативец повторно доби шанса да започне од првата минута за тимот кој се надева дека ќе избори експресно враќање во германската Бундеслига.

Чурлинов беше асистент на погодокот кој го постигна Тероде во тој момент за израмнување на резултатот (1:1).

Претходно Карлсруе стигна до водство со гол уште во првата минута од средбата, а конечниот резултат беше поставен во 88. минута кога стрелец беше Ваницек.

Шалке по седум одиграни кола има три победи, еден нерешен резултат и три порази и се наоѓа на 8. место на табелата во втората германска лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни