Свет
Човекот кој го откри Роналдо: Веднаш се посомневав во неговата возраст, не беше за верување тоа што го видов!
Пред точно 25 години, Луис Назарио де Лима Роналдо беше најдобар стрелец во холандското фудбалско првенство, лига од која започна неговиот стратосферски скок во европскиот фудбал, кој кулминираше со преселби во Барселона, Интер и Реал Мадрид.
Неверојатниот Бразилец веднаш го сврте вниманието на себе со своите партии во дресот на ПСВ, клуб во кој мина две години (1994-та до 1996-та), но и кој е најзаслужен за прогресот кој го имаше на стариот континент. Повеќе од две децении подоцна, за познатиот холандски медиуми „Voetball“ се огласи и човекот кој многумина го сметаат за откривач на „Феноменот“, тогашниот помошник асистент, Ерни Брандтс, па секако дека неговата изјава се најде во фокусот на јавноста.
– Јас го открив Роналдо за ПСВ. Во 1993-та година бев во Бразил повеќе од еден месец и постојано го гледав Роналдо како тренира и како игра на натпреварите.
– Ми беше дозволено да го следам на сите страни, не можев да поверувам што гледам. Роналдо беше физички силен, агресивен, со неверојатно забрзување, имаше силен удар и фантастични капацитети за постигнување гол.
– Тоа што го гледав беше од друга планета, веднаш се посомневав во неговата возраст, беше невозможно да биде толку добар за играч кој има само 16 години, – открива Брандтс.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)