Поврзете се со нас

Англија

Четворица Хрвати уапсени за грабежот во домот на Исак

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Англиската полиција уапсила четири лица кои се обвинети за неколку грабежи, вклучувајќи го и тој во домот на фудбалерот на Њукасл, Александер Исак.

Домот на шведскиот репрезентативец бил обиен на почетокот на месецов, а покрај пленот кој го собрале од луксузната куќа, крадците украле и луксузен автомобил на премиерлигашката ѕвезда.

Истите лица се обвинети за уште неколку грабежи во кои сопствениците останале без многу вредни предмети, накит, дизајнерска облека и пари, а дел од предметите им биле вратени од страна на полицијата.

Автомобилот на Исак бил пронајден на оддалеченост од неколку километри од привремениот дом на фудбалерот.

„Би-Би-Си“ пренесе дека за овие случаи се уапсени четворица Хрвати на возраст од 23 до 42 години, а кои на британско тло пристигнале преку Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни