Поврзете се со нас

АБА лига

Цедевита Олимпија ја заврши соработката со тренерот Големац

Објавено

на

Фото: Zvonko Kucelin/KK Zadar

Раководството на кошаркарскиот клуб Цедевита Олимпија и досегашниот тренер Јурица Големац ја завршиле соработката, објавија денеска словенечките медиуми.

Големац го презеде тимот во 2020 година, наследувајќи го Славен Римац, по што очекувано со Цедевита Олимпија доминираше во домашните натпреварувања.

Под водство на овој стручњак, клубот од Љубљана успеа да стигне и до полуфиналето на плејофот во АБА лигата, како и до четвртфиналето на Еврокупот.

Цедевита Олимпија во моментов е на четвртото место на табелата во АБА и ја очекува дуел со Цибона во следното коло.

Во продолжение од сезоната, предводник на Олимпија ќе биде Миро Алиловиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни