Поврзете се со нас

Македонија

Бутел се договори и со искусниот Мојсоски

Објавено

на

Составот на РК Бутел продолжи да ги продолжува договорите со своите најдобри играчи, па така по левото крило Мирко Мајиќ и средниот бек Горан Печенковски потпис стави и искусниот Златко Мојсоски.

Поранешниот македонскиот репрезентативец доби нов едногодишен договор со што ќе го продолжи престојот во Бутел кој започна од 2018 година.

-Чест ми е што сум дел од оваа успешна приказна, екипа која од година во година расте се повеќе. Бутел Скопје е екипа составена пред се од добри момци. Имаме одлична хемија и другарство кое беше пресудно за успешната сезона, која сепак не се доигра до крајот.

– Се надевам дека со моето искуство и професионализам ќе придонесам да се продолжат добрите резултати на екипата како на домашна сцена, така и во Лигата на Европа.

– Голема благодарност до управата со која имаме одлична соработка и се надевам дека истата ќе продолжи и во иднина, -истакна десното крило.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни