Поврзете се со нас

Шпанија

Бургос реши да се раздели со Симеоне и Атлетико Мадрид

Објавено

на

Герман Бургос долги години му беше најблизок соработник на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, но поранешниот аргентински голман решил да ја заврши својата епизода во стручниот штаб на Чоло.

Како што пренесуваат аргентинските медиуми, Бургос по осум години во редовите на Атлетико, одбил да го продолжи договорот со шпанскиот прволигаш.

Причината е во тоа што 51-годишниот „Ел Моно“ решил дека е вистински момент да ја започне својата кариера како прв тренер, а шпекулациите се дека веројатно ќе биде наследник на Марсело Галјардо на клупата на Ривер Плата.

Галјардо сака да работи во Европа и поради тоа веќе ги информирал челниците на Ривер дека треба да бараат нов тренер.

Ако им се верува на медиумите во Шпанија, прв помошник на Симеоне во иднина ќе биде Нелсон Вивас, додека место во стручниот штаб ќе добие и Габи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни