Поврзете се со нас

Италија

Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А

Објавено

на

Натпреварите кои се предвидени за в недела 28 февруари ќе се играат ширум Европа, но гледано од аспект на коефициентите за победа, најсигурни се фаворитите од италијанското фудбалско првенство.

Интер ја пречекува Џенова која веќе седум кола нема пораз, а за победа на домашните на оваа средба коефициентот во обложувалниците е 1,208 или најнизок споредено со другите државни првенства. Она што е интересно, облозите на оваа средба за да има под 3,5 голови котираат со 1,61 додека за спротивната опција (над 3,5) коефициентот е 2, 29.

Во Премиер лигата со нетрпение се очекува дербито Челси – Манчестер Јунајтед, откако лондонските „сини“ играат како препородени под водство на Томас Тухел. Во својата колумна за типување, бугарскиот интернационалец Димитар Бербатов укажа очекува многу голови на оваа средба, но типуваше дека најверојатно натпреварот ќе заврши без победник, со резултат 2:2.

Сепак, тоа не е единствениот натпревар на кој Бербатов очекува многу погодоци: големо изненадување е типот дека Арсенал ќе слави на гостувањето кај Лестер, во уште еден натпревар со многу голови. Во двата случаи, коефициентите за „под 2,5“ се за нијанса пониски отколку спротивно, што укажува дека и букмејкерите немаат идентичен поглед на ова прашање.

Во Шпанија дерби на колото ќе биде Вилјареал против лидерот Атлетико Мадрид, но од друга страна, мошне примамливо делува фаворитскиот коефициент од 1,98 за победа на Реал Бетис на гостувањето кај Кадиз, кој пак котира изненадувачки слабо со 4,12 за можен триумф.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни